Merve Aydoğan
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
ИЗМИР (АА) - Во текот на денешниот ден низ цела Турција се фатени вкупно 744 мигранти без документи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се соопштува дека во турската област Измир, во изминатите 24 часа во подрачјето на Чешме и Дикили се приведени 206 илегални мигранти.
Меѓу мигрантите се наоѓаат и жени и деца кои сакале илегално да преминат во Грција.
Крајбрежната стража, исто така, приведе група од 14 илегални мигранти во Бодрум, во областа Мугла.
И во турската област Ајдин, група од 49 илегални мигранти се обидувала да премине со чамец до островот Карада во Грција, но Крајбрежната стража ги пресретнала.
Во Каш, во подрачјето на Анталија, југозападна Турција, фатени се 38 мигранти без документи, додека во областа Мерсин 100 мигранти.
Поради илегален премин на границата во Хатај, турските гранични сили приведоа осуммина Сиријци.
Паралелно со тоа, еден сириски државјанин е притворен под сомнение дека учествувал во криумчарење мигранти.
Безбедносните сили во северозападната турска област Едрене фатија 329 илегални мигранти, во обид илегално да преминат во Европа.
Меѓу мигрантите има Сиријци, Алжирци, Палестинци, Мароканци, Ирачани, Пакистанци, Авганистанци, Египќани и мигранти од Бангладеш.
Турција е една од главните рути преку која мигрантите од истокот се обидуваат да влезат во Европа, а особено по избувнувањето на кризите и војните во Сирија, Авганистан, Пакистан и Ирак.