Efsun Yılmaz
22 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ИЗМИР (АА) - Во Рајот за птици во Измир, кој претставува најголемо вештачки остров во светот за птиците фламинго, на свет ќе дојдат околу 11.000 фламинга.
Од изјавата на одговорните лица на градот Измир се дознава дека Унијата за заштита и развој на Рајот за птици, во Измир, на својата собраниска седница истакна дека на простор од 6.400 метри квадратни минатата година се извеле 7.100 млади фламинга, додека оваа година има околу 11.000 легла.
Бројот од 11.000 нови легла е важен број за зголемување на популацијата на фламинга на светско ниво и се очекува во иднина оваа бројка да се двбижи од 15 до 16 илјади.
Рајот за птици во Измир е место познато како најголем вештачки остров во светот наменето за птиците фламиго. Останати вештачки острови во светот наменети за фламинго-птиците се наоѓаат во француската делта на реката Рона и шпанската лагуна Фуенте де Пиедра.