Fatih Türkyılmaz,Ahmet Esad Şani
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Во Истанбул започна 25. Источномедитерански меѓународен саем на туризам и патувања (EMITT), кој спаѓа во редот на петте најдобри настани од тој вид во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
EMИТТ годишно привлекува околу 45.000 професионалци од туристичкиот сектор и туристи кои бараат нови и возбудливи можности за патувања.
Саемот е вредна, деловна платформа која пружа нови деловни прилики и можности за соработка со турскиот и светскиот туристички сектор.
EMИТТ ги претставува државните павилјони, дестинациите за одмор, летниот и зимскиот туризам, туристичките дестинации на отворено, хотелите и туристичките центри, тур операторите, туристичките агенции и друго.
Во соработка со Федерацијата на хотелиери на Турција (TUROFED) и Здружението на инвеститори во туризам на Турција (TTYD), саемот го организира престижната компанија „Hyve Group“ со седиште во Лондон, со спонзорство на Министерството за култура и туризам на Турција, Градот Истанбул и „Туркиш ерлајнс“.
На 25. издание на EMИТТ учествуваат делегациите и компаниите од 14 држави, меѓу кои и Русија, Малта, Бугарија, Сејшели, Србија, Косово, Пакистан, Јордан, TР Северен Кипар, Палестина, Азербејџан, Јужноафриканската Република, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Саемот од 12 февруари се одржува во Саемскиот и конгресен центар ТУЈАП во Истанбул, а денеска го отвори турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, кој истакна дека EMИTT има важна улога во креирањето глобални текови во туризмот.

„По тешката 2020 година, Турција во 2021 година фати голем замав во развојот на туризмот. Остваривме добри резултати благодарение на Програмата за сертифицирање за безбеден туризам и работа на Агенциите за промоција и развој на туризмот на Турција (TGA), која на вистински начин ги презентира нашите туристички потенцијали во странство. Ако зборуваме за бројки, минатата година угостивме 30.038.000 гости, што е 88 отсто повеќе во однос на претходната година. Минатата година во туризмот заработивме 24,5 милијарди долари, што е 108 отсто повеќе во однос на минатата година“, изјави Ерсој.
Тој рече дека податоците за доаѓањето на туристи во првите 40 дена на оваа година се охрабрувачки и дека треба целниот приход од 35 милијарди долари да се зголеми.
Турскиот министер Ерсој истакна дека EMИTT претставува важна шанса за Турција бидејќи на едно место ги собира водечките светски претставници на туризмот и додаде дека Турција работи на организирање безбеден туризам и постојано ја унапредува понудата.
Кон присутните на церемонијата на отворање се обратија и гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, градоначалникот Екрем Имамоглу, претседателот на ТУРОФЕД, Сурури Џорабатир, директорот на ЕМИТТ, Хаџер Ајдин, регионалниот директор на „Hyve Group“ Кемал Улген, претседателот на ТТЈД, Оја Нарин и заменикот на генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Ахмет Олмуштур.