Aida Cako
07 Ноември 2025•Ажурирај: 09 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Турските власти одзедоа африканско лавче старо 35 дена, кое нелегално било внесено во земјата, за време на контрола во ветеринарна клиника во истанбулското подрачје Тузла, јавува Анадолу.
Според информациите, лавчето било пронајдено во клиниката при рутинска контрола спроведена од надлежните служби.
Животното било одземено и згрижено додека двете лица поврзани со случајот добиле парични казни во согласност со Законот за заштита на животните.