Kemal Karadağ
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 36 припадници на терористичката организација ПКК беа убиени за време на акцијата на турските безбедносни сили во последните седум дена поминати во источниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во таа прилика беа неутрализирани најмалку 36 терористи на ПКК и запленети 26 автоматски пушки, 47 рачни бомби, три ракетни фрлачи, како и други видови на оружје и муниција. Уништени беа 10 различни видови муниција и други импровизирани експлозивни направи.
Во соопштението на Генералштабот на турските вооружени сили се поделени информациите за активностите на турските безбедносни сили во периодот од 31 март до 6 април.
Наведено е дека се извршени активности против сепаратистичката терористичка организација ПКК во градовите Дијарбакир, Ширнак, Бетмен, Тунчели, Хакари и Карс.
Во акциите загинаа четири, а беше повреден 21 турски војник.
Беа приведени и 4.913 лица кои се обиделе илегално да ја преминат границата, а безбедносните сили запленија и 850 килограми амониум нитрат, како и 20 килограми ТНТ експлозив.
Освен оружје и муниција, турските безбедносни сили запленија 156 килограми марихуана и 25.300 кутии цигари. Со ова им беше зададен тежок удар на терористите и кога е во прашање финансирање на организациите.