İsa Toprak
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
АНКАРА (АА) - Во операција која во регионот Ќандил во северниот дел на Ирак ја извршија Националната разузнавачка агенција на Турција (MIT) и Турските вооружени сили е неутрализиран Омер Ајдин, задолжен за т.н. царинска координација во терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Омер Ајдин, под кодното име „Ренас Ајдин“, еден од челниците кои од 1999 година во ПКК/КЏК се задолжени за криумчарење на луѓе, оружје и дрога на ирачко-иранската граница.
Врз основа на разузнавачките информации, Националната разузнавачка агенција на Турција започна да го следи движењето на терористот.
Омер Ајдин потоа е неутрализиран во заедничка акција на МИТ и Турските вооружени сили.
Се работи за лице во кое терористичката организација ПКК/КЏК имала голема доверба.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.