Aykut Karadağ
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
АНКАРА
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка да извршат напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Двајца терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани од страна на нашите храбри командоси“, се вели во ова соопштение.
Во соопштението се додава дека едниот од терористите бил неутрализиран во областа каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, додека другиот во областа каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.
Се нагласува дека овие терористи биле во обид за инфилтрирање во овие зони и во обид за напад со цел да го нарушат спокојството и безбедната средина.