Zafer Fatih Beyaz
23 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) од Ирак во Турција го донесе терористот на ПКК, Ферхат Текинер, кој во 2016 година учествуваше во нападот врз војниците во Кајсери, јавува Агенција Анадолија (AA).
Неименуван извор за АА изјави дека терористот Текинер, кој го користел и кодното име „Фират/Ботан“, е фатен во северен Ирак, а потоа е донесен во Турција, каде што претходно за него беше распишана потерница.
Текинер се товари дека украл и на терористот на ПКК, Кенан Чичек (со кодно име „Кендал/Дениз“), му предал возило со кое Чичек изведе напад врз автобус со турски војници кои се враќаа дома на редовно отсуство.
Во тој терористички напад во декември 2016 година во Кајсери загинаа 15 турски војници, а 54 беа ранети.