Handan Kazancı
02 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Од доаѓањето на бегалците од Сирија во Турција, родени се најмалку 170.000 сириски бебиња, се вели во денешното соопштение од турската агенција за помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) вели дека тие исто така обезбедиле и специјални оброци за бремените жени и жените доилки, како и за здравствените установи за деца во земјата.
„Турција е домаќин на најголем број сириски бегалци, околу 3 милиони, а досега има потрошено над 12 милијарди долари на бегалците. Помошта од меѓународната заедница досега изнесува околу 512 милиони долари“, се вели од АФАД.
„Од почетокот на војната, АФАД исто така испрати околу 1.63 милијарди турски лири (520 милиони долари) хуманитарна помош во Сирија“, велат од агенцијата.
Најмалку 82.000 сириски деца беа примени во училиштата во прифатните центри. Исто така, со сорабоката меѓу турското Министерство за образование и АФАД, 310.000 деца од градинките и средните училишта се тргнати од улиците и се прифатени во училиштата, се додава во соопштението.
Исто така, најмалку 115.000 возрасни лица од Сирија се здобија со сертификат за вештини преку различни програми организирани од страна на центрите на АФАД.
Од АФАД беше соопштено и дека неколку жени учествувале како кандидати во изборот за лице што ќе управува со бегалскиот камп.
Персоналот на АФАД работел на зголемување на свеста меѓу бегалците за раното склопување брак и за полигамијата.
Според властите, од почетокот на конфликтот, најмалку 400.000 лица, вклучувајќи и цивили, ги загубија своите животи во Сирија.
На најмалку 13,5 милиони лица во Турција им потребна хуманитарна помош, 6,1 милион лица се раселени, а околу 4,8 милиони лица заминаа во соседните земји.
АФАД има 26 прифатни центри низ Турција и излегува во пресрет на физичките, социјалните и психичките потреби на бегалците.
Според агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, Турција е домаќин на најголемата популација на бегалци во светот. Исто така, УНИЦЕФ вели дека земјата е домаќин на најголемиот број деца бегалци во светот.