Erhan Cihan Ünal
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулската берза денеска оствари рекордна вредност на индексот BIST 100, кој за прв пат се искачи на 120,320.47 поени, јавува Anadolu Agency (AA).
Зголемувањето на интересот за трговија во турската валута и посебното изразено тргување со акциите на банкарскиот пазар се некои од главните фактори за постигнување рекордно високо ниво на индексот БИСТ 100.
На затворањето во 15:30 часот, забележан е раст на овој индекс од 0,3 отсто, кој потоа се искачи над 120.000 поени.
Аналитичарите објаснуваат дека тргувањето на истанбулската берза е потпомогнато од голем број фактори, вклучувајќи го и задржувањето на вредноста на доларот под 3,75 наспроти лирата и позитивните движења во европските пазари.
Истакнувајќи дека вчера дојде до најголем пораст на вредноста на индексот на Берзата во Истанбул и дека овој тренд сè уште продолжува со тргување со банкарските акции во прв ред, аналитичарите најавуваат нови рекордни вредности на берзата во Истанбул.
Со порастот од еден процент, банкарскиот индекс на Истанбулската берза достигна вредност од 186.550 поени.
Позитивниот бизнис на берзите, исто така, беше стимулиран од најновите одлуки на Европската централна банка и изјавите на нејзиниот претседател Марио Драги.