Erhan Cihan Ünal
21 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Индексот на Истанбулската берза БИСТ 100 се зголеми за 0,67 отсто, со што од 92.651,70 поени го започна денот со највисок степен во последните 47 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Индексот на Истанбулската берза БИСТ 100 регистрира најголем пораст од 22 мај 2013 година, па наваму, а на банкарскиот индекс е зголемен за 0,86 отсто.
Кога се во прашање секторските индекси, најголем пораст забележа индустрискиот индекс на основни метали, со 1,96 проценти, а најголем пад од 1,72 има индексот за спорт.
Аналитичарите наведуваат дека оцената на странските инвестициски банки е дека турската лира е евтина и позитивно делува на домашниот пазар, што би значело дека домашните и странските инвеститори сѐ уште се заинтересирани за инвестирање.
Вредноста на американскиот долар во однос на турската лира во првиот ден од оваа недела, односно ден по референдумот во Турција, забележа пад и изнесуваше 3,6250, што е 1,95 отсто помалку во однос на вредноста на доларот во однос на лирата од претходниот ден.
Аналитичарите сметаат дека овој тренд може да продолжи и во иднина и дека ќе следат значајни промени во однос на стратешкиот политички менаџмент.