Şerife Çetin
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 11 октомври ќе реализира официјална посета на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на НАТО, Столтенберг ќе допатува во Истанбул каде што ќе реализира официјални средби.
Столтенберг ќе одржи прес-конференција по неговите средби во Истанбул со високи претставници на оваа земја.
Пред неговата посета на Турција, Столтенберг на 9 октомври ќе ја посети Италија, а на 10 октомври ќе ја посети Грција.