Murat Paksoy
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската црвена полумесечина најави дека ќе се кандидира за Гинисовата книга на рекорди поради рекордното учество на Генералното собрание на Меѓународната федерација на Црвениот крст/полумесечина (IFRC) која од 5 до 11 ноември е одржана во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение на Турската црвена полумесечина се наведува дека организацијата по вторпат е домаќин на Генералното собрание и дека овој пат на собранието учествувале 191 земја, вклучувајќи две земји со статус на набљудувачи.
Од 189 членки на Меѓународната федерација на Црвениот крст/полумесечина (IFRC), на Генералното собрание учествуваа вкупно 1.646 делегати.
„Во наредните денови ќе аплицираме рекордното учество на Генералното собрание да се смести меѓу рекордите во Гинисовата книга за додатно да го разбудиме чувството на единство кое оваа хуманитарна мрежа го негува. Во Анталија беа и делегациите-набљудувачи од Турската Република Северен Кипар и од Косово, а некои делегации од далечните острови четири дена патуваа за да присуствуваат на собранието кое во Анталија, можеме да го кажеме, го собра целиот свет“, изјави Керем Киник, претседателот на Турската црвена полумесечина.
Киник исто така нагласи дека светот минува низ тежок период на криза и дека на човештвото денес му е потребна силна мрежа на Црвениот крст/полумесечина.
На собранието во Анталија е избрано и новото раководство на Меѓунардониот црвен крст, а новиот претседател на таа организација за наредните четири години е Франческо Рока, челник на Црвениот крст на Италија. Неговиот заменик за Европа е токму домаќинот на последното собрание, Керем Киник.