АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, како гостин на американскиот телевизиски канал CNN (Си-Ен-Ен) зборуваше за граѓанската војна во Сирија и Ирак, регионалните проблеми, борбата против ДЕАШ, истакнувајќи го следното: „Има присуство на ПКК, ЈПГ и ПЈГ. Тоа се курдски, марксистичко-ленинистички групи. Тие претставуваат проблем за Турција. Покрај сето тоа, САД заедно со овие групи војуваaт против ДЕАШ. Сметам дека ставот за соработка кој САД го зазедoa нема да придонесе во изградба на мир и стабилност во регионот”, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим како гостин во програмата ГПС (GPS) на американскиот телевизиски канал CNN (Си-Ен-Ен), одговараше на прашањата поврзани со дневнополитичките случувања.
На прашањето во врска со политиката што САД ја води кон Иран, Јилдирим рече дека во изминатите 500 години Турција и Иран воопшто не војувале, истакнувајќи дека е јасен ставот на Турција кон регионалните прашања.
„Ние постојано велиме дека распространувањето на било која секта не е добро за стабилноста, безбедноста и регионалниот мир. Затоа, ширењето на шиитската секта претставува голема закана за регионот. Доколку започне верска војна, никој не може да знае кога таа ќе заврши и какви димензии ќе зафати. Затоа, повремено пријателски го информираме и предупредуваме нашиот сосед Иран, за да не дојде до охрабрување на ваквите активности”, зборуваше турскиот премиер.
Јилдирим истакнувајќи дека е позната американската политика кон Иран, продолжи со зборовите:
„Односите меѓу САД и Иран не се добри по првата и втората окупација на Иран. Во времето на администрацијата на Обама, постојаните членки на Обединетите нации (ОН), заедно со Германија, постигнаа договор наспроти санкциите по нуклеарните прашања. Сега новото американско раководство, администрацијата на Трамп, сака директно да се соочи со Иран, барајќи поништување на договорот. Сметам дека тоа правно не е можно, бидејќи не станува збор за билатерален туку мнозински договор”.
Јилдирим истакна дека Европејците го немаат истиот став со САД и додаде: „Знаете, САД се обидуваат во регионот да формираат нова коалиција. Не е тајна дека Саудиска Арабија и Иран подолг период не се во добри односи. Тоа е прв фактор. Втор фактор е дека малите земји се обединуваат да формираат сојуз против Катар”.
Премиерот на Турција посочи дека ваквите ставови се многу штетни, и изјави: „Познато е дека регионот има многу проблеми. Граѓанска војна се води во Сирија и Ирак, има недостаток на раководство, присуството на ДЕАШ. Секој се обидува да се бори против ДЕАШ. Постојат и ПКК, ЈПГ и ПЈД. Тоа се курдски, марксистичко-ленинистички групи, кои се проблем за Турција. Освен тоа, САД за да го победи ДЕАШ соработуваат со овие организации. Сметам дека ставот за соработка кој САД го зазедоа, нема да придонесе за изградба на мир и стабилност во регионот”.
Турција има голема улога во спречување на распространувањето на секаков вид терористичка закана кон Европа
Јилдирим зборувајќи за сириското прашање истакна дека граѓанската војна била причина за миграција на милиони лица, а повеќе од еден милион Сиријци недолжно биле убиени. Премиерот на Турција продолжи со зборовите:
„Со цел да им помогне на бегалците од Сирија, Турција ги отвори границите и им даде прибежиште на 3,5 милиони Сиријци. Повеќе од 6 години Турција е нивниот дом, тука се школуваат и имаат сместување. Тоа за нас е многу голема обврска. Не можеме да им кажеме дека не ги прифаќаме оние кои се под закана, оние на кои им е потребна помош. За нив вратите секогаш се отворени. Доколку во подрачјето дојде до нова закана, нова војна, тогаш цената за тоа кој ќе ја плати? Тоа е нашата загриженост. Инаку Турција е моќна и стабилна земја во регионот, земја која претставува мост меѓу азиската и европската цивилизација и земја која има должност да биде мост меѓу христијанската и муслиманската заедница. Турција има голема улога во спречување на распространувањето на секаков вид терористичка закана кон Европа и останатите земји. Тоа треба да се цени”.
Период на испорака на Фетула Ѓулен, водачот на ФЕТО
Премиерот на Турција беше запрашан во врска со испораката на Фетула Ѓулен, водачот на ФЕТО: „Дали се понадевавте дека раководството на Трамп ќе ви го испорача Ѓулен, бидејќи Мајкл Флин (поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа) соработува со турската влада? На денот на претседателските избори во САД, Флин имаше напишано статија во врска со испораката на Ѓулен”. На ова прашање, Јилдирим одговори: „Ние бевме во исчекување тоа да се направи, но како што времето одминуваше, увидовме дека нема сигнал кој ќе укаже дека ќе биде извршено испорачувањето”.
Премиерот на Турција, Јилдирим, на прашањето дали Флин им дал уверување дека Ѓулен ќе биде испорачан одговори: „Не. Флин не е наш соговорник. Ние сме во контакти со владата на САД”.
Потсетувајќи дека Флин е поранешен советник за национална безбедност на САД, Јилдирим рече: „Тој ја напушти функцијата. Соработуваме преку голем број министерства на Турција и САД. Досега беа во комуникација и сѐ уште се во контакт за да се постигне напредок по тоа прашање”.
„Никој не ги запраша САД дали имаат докази дека тоа е дело на Ал Каеда”
Премиерот Јилдирим околу тврдењата дека „не се силни и веродостојни доказите кои ги приложува владата на Турција”, го даде следниот одговор:
„Овој вид аргументи и ние ги чувме, но вам можам да ви го кажам следното, на 15 јули имаше обид за државен удар. Кога се случи 11 септември, тогашниот претседател на САД, Џорџ В. Буш објави дека Америка е нападната, а Турција се понуди да помогне и беше првата земја која испрати свои војници во Авганистан. Во тие моменти ние не прашавме кој стои зад тој настан. САД изјавија дека зад настанот стори Ал Каеда и дека Ал Каеда е одговорна за сѐ. Никој не ги запраша САД дали имаат докази дека тоа е дело на Ал Каеда”.
„ЕУ треба да донесе одлука во која насока ќе се движи”
Турскиот премиер одлучно повторувајќи дека Турција сака да биде членка на Европската Унија (ЕУ), го изјави следното: „Да, се разбира дека Турција сака да биде членка на ЕУ, но ЕУ треба да донесе одлука во која насока ќе се движи. Треба да ги дефинира регионите, дали ќе се прошири кон ова подрачје или ќе остане како христијански клуб”.
Јилдирим изјави дека е сосема јасно оти Турција е дел од Западот, истакнувајќи дека и географски и во одредена смисла културно, тие се Европејци.
За Турција со местоположбата меѓу европскиот и азискиот континет, Јилдирим истакна дека е земја која со стотици години е спој на двете култури, двете цивилизации и додаде:
„Од времето на Османлиското царство досега, ние сме во Европа, бевме и на Блискиот Исток, Средна Азија и северно од Црното Море. Поради тие причини Турција ги соедини културите и религиите и повеќе од 600 години христијанството, јудаизмот и исламот живеат еден до друг. Немавме обиди за менување на религијата, јазикот на овие заедници, стотици години живееја онака како што сакаа. Во нашето верување колонијализмот не е дозволен. Затоа ние сме европска земја, 60 години сме партнерска земја, сѐ уште се надеваме дека ќе станеме земја-членка на ЕУ”.