Kaan Bozdoğan,Berk Özkan,Sefa Mutlu
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Свеченото отворање на Големата џамија „Аја Софија“ во Истанбул, која по 86 години денеска повторно е отворена за намаз, го привлече вниманието на голем број медиуми, како домашни така и странски медиумски куќи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Аја Софија“ за намаз е отворена со петочната молитва (џума намаз), а веќе по утринската молитва почнаа да пристигнуваат оние кои сакаат да ја извршат првата молитва во неа по 86 години.
Свеченото отворање го следат голем број медиуми од Турција, Европа, како и од муслиманските земји. Пред платото, тие уште од утринските часови ги следат случувањата во врска со отворањето. Отворањето е една од главните теми и на социјалните мрежи.
Турскиот суд на 10 јули ја поништи одлуката на некогашната Влада донесена на 24 ноември 1934 година со која на „Аја Софија“ ѝ е доделен статус на музеј. Со чинот на поништувње на споменетата одлука, на „Аја Софија“ ѝ е вратен статусот на џамија.
Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфор, „Аја Софија“ од 1985 година е вметната на Листата на светски културни наследства на УНЕСКО.
Надлежните служби во изминатите денови подготвија простор во, но и на платоата околу „Аја Софија“.
Турските власти најавија дека и понатаму ќе ги чуваат културно-историските вредности на „Аја Софија“, и тоа така што за верските обреди во неа ќе биде надлежна Управата за верски работи на Турција, додека за реставрација, конзервација и заштита ќе се грижи Министерството за култура и туризам.
Туристите и понатаму ќе можат да ја посетуваат „Аја Софија“, и тоа бесплатно, а фреските на ѕидовите со завеси ќе бидат покриени само за време на молитвите во џамијата.