Emin Avundukluoğlu
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ХАКЌАРИ (АА) – Турската армија соопшти дека двајца терористи на ПКК се неутрализирани со артилерија и минофрлачки оган, денес, во југоисточната турска област Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турскиот Генералштаб, армијата изведе артилериски и минофрлачки напади во регионот Кизилтепе на руралниот град Дереџик.
Армијата соопшти дека во нападот се неутрализирани двајца терористи, што било потврдено во една од радиокомуникациите на ПКК.
Од 4 декември, вкупно 540 терористи се неутрализирани во операциите извршени во областа Хакќари.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организациии од страна на Турција, САД и ЕУ, во јули минатата година ја продолжи својата децениска оружена кампања.
Оттогаш загинаа повеќе од 300 цивили и речиси 800 лица од безбедносниот персонал. Околу 8.000 терористи на ПКК се неутрализирани.