Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на безбедносните сили во југоисточна Турција, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Двајцата терористи, кои избегале од редовите на терористичката организација во северен Ирак, им се предале на властите на граничниот премин во турската област Ширнак“, истакна Министерството за одбрана на Турција во објава на социјалната мрежа Твитер.
Министерството понатаму нагласува дека терористите продолжуваат да ја напуштаат терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.