Tuba Şahin
16 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за финансии и трезор, Берат Албајрак, денеска соопшти дека Турција ќе ги открие мерките за намалување на економското влијание на епидемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оваа недела ќе ги објави чекорите кои ќе бидат преземени“, напиша Албајрак на Твитер.
Албајрак истакна дека земјата има приоритет да се подготви за ефектите од епидемијата на коронавирусот врз економијата.
„Турција презеде мерки за да ги спречи пазарите од неможноста за ликвидност како резултат на вирусот“, нагласи тој.
„Турција е поподготвена, попретпазлива од кога било во врска со можните глобални турбуленции“, истакна Албајрак.
Коронавирусот првпат се појави во градот Вухан, Кина, но сега се прошири во најмалку 146 земји и територии.
Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на смртни случаи во светски рамки е речиси 5.700, а има над 153.000 потврдени случаи.