Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
30 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција денес се прославува 99-годишнината од Денот на победата, што го одбележува огромниот пораз на грчките сили од рацете на Турците во Битката кај Думлупинар во 1922 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, заедно со високи владини и високи воени претставници, како и опозициските лидери, положија венец во Аниткабир, мавзолејот на основачот на републиката, Мустафа Кемал Ататурк, во главниот град Анкара.
„Ја зголемуваме одлучноста на Турските вооружени сили, кои се зеницата во очите на нашата нација, на секое поле со преземените чекори во одбранбената индустрија“, напиша Ердоган во спомен-книгата во Аниткабир.
Тој исто така напиша: „Преку реформите што ги спроведовме во демократијата, правдата, правата и слободите, ја зајакнуваме врската помеѓу нацијата и Републиката.“
„Ја носиме Турција кон светла иднина во согласност со целите што ни ги поставивте“, истакна турскиот претседател, нагласувајќи дека земјата е во сигурни раце.
Претходно, турскиот претседател се обрати преку пишана порака по повод Денот на победата.
„Среќни сме што ја достигнавме 99-годишнината од Големата победа, еден од темелите на нашата со векови стара славна историја. Ја одбележувам честа на Денот на победата, 30 Август, на нашата нација, Кипарските Турци и нашите граѓани кои живеат во различни земји во светот“, порача Ердоган.
Истакнувајќи дека 30 август е една од најклучните пресвртни точки во историјата на земјата, Ердоган додаде: „Духот, вербата и волјата што ја инспирираа Големата победа го влечат правецот за нашата нација денес, исто како пред 99 години.“
„Турција ќе продолжи да ги брани правата на угнетените против угнетувачите и да се залага да преовладува мирот, правдата и слободата низ целиот свет“, истакна турскиот претседател.