АНКАРА
– Бурџу ЧАЛИК
Единствената ексадрила на турските воздухопловни сили со две имиња, Командата на 161. воздухопловна ескадрила, авионите Ф-16 кои преку ден се кодирани како „Орел“, а навечер како „Лилјак“, преземаат активна улога и во заштитата на турскиот воздушен простор во Егејското Море и во борбата против тероризмот.
Во рамките на турските воздухопловни сили постои многу посебна воздухопловна ескадрила, која го штити турскиот воздушен простор од опасности и спроведува успешни операции во земјата и во странство, со цел да се осигура безбедноста на земјата.
Сто шеесет и првата воздухопловна ескадрила, која е дел од Командата на главната млазна база во Баликесир, во турската област Бандирма, е првата и единствена ескадрила во Турција со две имиња.

За оваа воздухопловна ескадрила преку ден се користи повикот „Орел“, а по залезот на сонцето шифрираниот код „Лилјак“. Авионите од типот Ф-16 кои ѝ припаѓаат на оваа ескадрила, на едната страна од опашката имаат симбол на орел, а од другата страна симбол на лилјак.
Оваа ескадрила која е способна за извршување на сите видови воздухопловни операции, игра активна улога и во заштитата на турскиот воздушен простор во Егејското Море и во борбата против тероризмот, и дење и ноќе.
Ескадрилата, која гаѓа терористички цели со домашна и национална муниција, учествува и во мисиите во рамките на НАТО.
– Системот ЛАНТИРН, ноќното око на Ф-16-ките
Системот ЛАНТИРН (Low Altitude Navigation and Targeting InfraRed for Night - инфраред навигација со мала надморска височина и таргетирање за ноќ) им овозможува на авионите Ф-16, кои се највпечатливата сила на Турција на небото, да се претворат во „орел“ дење и „лилјак“ ноќе.
Благодарение на подлогата ЛАНТИРН, која им овозможува на Ф-16 ноќно гледање и таргетирање на мала надморска височина, воените авиони можат да се спуштат до висина од 33 метри ноќе без да им пречат лошите временски услови.
Пилотите кои користат авиони со системи ЛАНТИРН се подложени на строга обука.

– Пилотите „Гагавуз“ - ноќната мора на терористите
Мајор кој е пилот на Ф-16 во 161. ескадрила, за АА изјави дека ескадрилата, која за првпат е формирана како шести авионски полк во Газиемир 1943 година, со пристигнувањето на Ф-16-ките, од 1992 година својата должност ја спроведува од базата во Бандирма.
Наведувајќи дека системот ЛАНТИРН е пуштен во употреба во 1994 година, мајорот рече: „Пилотите со ЛАНТИРН-системите на турски ги нарекуваме „ГАГАВУЗ пилоти“, односно „специјалист за низок ноќен лет, стрелање и гаѓање“. Дење и ноќе, во сите временски услови, вршиме мисии на ниски височини за да останеме надвор од областа на радарското покривање.“

– „Млазниот звук е звукот на слободата“
Истакнувајќи дека минатата година во период од 2,5 месеци ја извршувале задачата на заштита и патролирање на воздушниот простор на Полска и на НАТО во рамките на мисијата на НАТО за засилена воздушна полиција, мајорот продолжи со зборовите:
„Млазниот звук е звукот на слободата. Гази Мустафа Кемал Ататурк рекол ‘Иднината е на небото.’ Продолжуваме да ја носиме довербата што ја наследивме како пилоти кои служат на небото за да ја бранат татковината.“


– Искуството на летот еден-на-еден се доживува со симулатор за целосна мисија
Сто шеесет и првата ескадрила кој поседува симулатор за целосна мисија, со агол на покриеност на гледање од 360 степени, формира реална средина за летање еден-на-еден, овозможувајќи им на борбените пилоти и на кандидатите за пилоти да ја искусат целата околина што може да се доживее во вистински Ф-16.
Откако во симулаторот искусуваат голем број различни сценарија подготвени од тренерите во контролната соба, како што се напад на непријателски авион, дефект на моторот, лоши временски услови, пилотите стануваат подготвени за сите негативности со кои можат да се соочат во воздухот.
Преку симулаторот за целосна мисија, кој се поврзува со СТЕ-симулаторите во воената база и другите симулатори низ Турција, се прават летови со повеќе мисии.

– Авионите Ф-16 полетуваат со трудот на стотици вработени
Редовното вежбање, спиењето и здравата исхрана се задолжителни во животот на пилотите на борбените авиони, за да ја одржат својата физичка и психолошка издржливост.
Исто така, постојат процедури кои пилотите треба да ги применат пред и по летот. Пилотите прво се информираат за задачата што треба да ја извршат, а потоа во соблекувалната ја подготвуваат својата комплетна облека и опрема за Ф-16 и преминуваат во авионот.
Покрај пилотите, во заднина на полетувањето на Ф-16, се наоѓа тим од стотици луѓе кои дејствуваат во области како што се пистата, одржување на авионите, кулата за контакт и копнените услуги.
