Tufan Aktaş,Gökhan Kavak
26 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - На дводневниот Медиумски самит Турција - Африка, кој започна вчера во Истанбул, се разговараше за историските корени на негативната слика за африканскиот континент во меѓународните медиуми и како тоа е одразено денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинари од Турција, Камерун и Нигерија, зборуваа на панелот насловен „Спротивставување на обичните дискурси во раскажувањето приказни од Африка“ на Самитот за медиуми Турција - Африка, што се одржува под покровителство на Кабинетот на турскиот претседател.
На настанот што се одржува по повод 25 мај - Денот на Африка, присуствуваат 80 новинари од 45 африкански земји, како и африкански дипломати и директори на јавни институции, претставници на медиумите, академици, претставници на приватниот сектор и невладини организации.
- „Африка се споменува како единствена земја“ -
Уредникот на Агенција Анадолија (АА) за Африкански вести, Хасан Хусеин Кошгер, направи историски преглед за начинот на кој Африка е пренесувана во западните медиуми.
Истакнувајќи дека во медиумите не се пишувало за африканските земји пред нивната независност и дека се нарекувани „црниот континент“, Кошгер рече дека континентот уште од самиот почеток Западот го споменувал со еден негативен наратив.
Кошгер рече дека перспективата за африканските земји малку се променила по нивната независност, и дека тие почнале да се прикажуваат како место кое „мора да биде поддржано, развиено.
„Имаше војна, криза и глад во некои делови на Африка во 1990-тите. Африка по овој период се споменува со зборовите „хаос“ и „конфузија“. Во главите на една генерација, Африка значи место на хаос и конфузија“, нагласи Кошгер, додавајќи дека тој имиџ продолжува и денес.
Посочувајќи дека тоа продолжува дури и во вестите за епидемијата на мајмунски сипаници што се појави неодамна, Кошгер рече дека фотографиите на Африканците се користат за вестите за епидемијата.
Истакна дека во многу делови од светот има корупција и лошо управување, нагласувајќи дека треба да се спротивстават на тоа корупцијата да се прикажува како нешто што е уникатно за Африка.
„Иако Африка се состои од 54 земји, таа е опишана како да е една земја“, рече Кошгер, наведувајќи дека односот меѓу владите и медиумите, исто така го поддржува дискурсот за африканскиот континент.
Тој рече дека 80 отсто од вестите за земјите од континентот се негативни, и истакна дека Агенција Анадолија се обидува да ја пренесе Африка на читателите без да се користи советодавен јазик.