Ferdi Uzun
31 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ИЗМИР
Подрачјето на дистриктот Сеферхисар, во западниот турски град Измир, што беше епицентар на земјотресот силен 6,6 степени по Рихтер, екипата на Агенција Анадолија (АА) го сними од воздух.
По земјотресот дојде до излевање на водата што предизвика додатни проблеми.
Во Сеферхисар, епицентарот на земјотресот што се случи вчера, граѓаните со помош на градските екипи работеа на исфрлањето на водата од куќите и деловните објекти.
Некои возила завршија во морето, а има и бродови што останаа заглавени.
Дениз Туфан (68) изјави дека во тоа време била на море и дека не сфаќала што се случува.
Како што рече, водата носела сè пред себе.
Уште една 80-годишна жена изјави дека седела со децата кога се случила катастрофата.
„Видов дека водата одеше кон нас. Не можевме да избегаме. Водата допре до секоја улица. До утрово бевме надвор“, рече оваа жена.
Според последните информации, најмалку 62 лица загинаа откако земјотресот со јачина од 6,6 степени вчера го погоди Измир, Турција.