Ömer Kundakçı
31 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
МУГЛА (АА) - Првата група од екипите од Азербејџанската служба за вонредни состојби пристигна денес во Турција за да ѝ помогнат на Анкара во справувањето со големите шумски пожари во нејзините јужни области, во кои има загинати и повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група од 100 лица пристигнаа на аеродромот „Даламан“ во егејската област Мугла од аеродромот „Хајдар Алиев“, во Баку, Азербејџан.
Водачот на тимот, Џудијев Рза, пред новинарите изјави дека Азербејџан секогаш ќе биде покрај Турција во тешки времиња.
Од средата, низ Турција избувнаа десетици пожари, од кои неколку и во медитеранскиот и егејскиот крајбрежен регион.
Во пожарите животот го загубија три лица во Анталија на брегот на Средоземното Море, а едно лице настрада во егејската област Мугла.
Пожарите избувнаа во последните неколку дена во јужните турски области Анталија, Мерсин, Османије, Адана и Кахраманмараш, и во централните области Кирикале и Кајсери.