Erdoğan Çağatay Zontur
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
АФЈОНКАРАХИСАР (АА) - Турција формираше група од 51 експерт за решавање на ирачкиот проблем со водоснабдувањето, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ирачкиот претседател Бархам Салих го посети турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул минатата недела“, изјави денес претставникот за Ирак при турското Претседателство, Вејсел Ероглу.
„Работиме на водоснабдувањето, прочистувањето, инфраструктурата и снабдувањето со пивка вода, како и вода за наводнување, заштита од поплави, подобрување на потокот и објектите поврзани со тоа“, додаде тој.
Ероглу рече дека браните во Турција ги спречиле поплавите во Ирак.