Arife Yıldız Ünal
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот заменик-премиер Љутфи Елван во врска со анти-терористичките акции кои во југоисточниот дел од земјата ги вршат безбедносните сили од 15 декември оваа година, потврди дека "до сега се неутрализирани околу 200 членови на терористичката организација ПКК", јавува Anadolu Agency (АА).
Елван денеска беше гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency (АА), при што истакна дека "анти-терористичките операции ќе продолжат додека населените во таа област не се исчисти од страна на терористи".
Тој, исто така ја коментираше неодамнешната посета на Русија на еден од водачите на прокурдската Народна демократска партија (ХДП) Селахатин Демиртас, кој пред два дена во Москва се состана со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, што предизвика реакции во Турција.
"Нашите луѓе, особено оние граѓани кои на изборите го дадоа својот глас на ХДП, јасно видоа каков е Демиртас, каква е ХДП како партија и на кој начин ја издадоа оваа земја", рече Елван.
Заменик-премиерот во врска со намерите на Русија да воведе санкции кон Турција , Елван изјави дека останува да се види за каков вид на санкции станува збор.
"Ќе видиме што ќе се примени, кој тип на санкции. Секако, дека имаме одредени чекори кои ќе ги преземеме за овој пристап. Ние исто така имаме Б и Ц план. Сето тоа е подготвено. Ако Русија примени одделни санкции и ние ќе преземеме одредени чекори" додаде Елван.