Burak Yılmaz
26 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гласаше за "Фотографија на годината" на Anadolu Agency (AA).
Anadolu Agency порано ги објави најдобрите фотографии на своите фоторепортери кои за време на 2015 година изнестуваа од речиси сите делови на светот.
Фоторепортерите, известувајќи од Перу, преку Франција, Украина, Либија, Појасот Газа, Турција па се до Бангладеш, Австралија, Индонезија и Филипините низ своите објективи успееа да забележат единствени моменти и призори.
Гласање за изборот на Најдобра фотографија во 2015 година Anadolu Agency (AA) е во тек, а посетителите на веб страницата на АА можат да изберат помеѓу фотографиите поделени во три категории "живот", "вести" и "спорт".
Се работи за четврти избор на Најдобра фотографија во рамките на агенцијата, а оваа година најдобрата ќе биде избрана меѓу фотографиите кои фоторепортерите на АА ги забележале на подрачјата ширум светот.
Фотографиите кои ќе се најдат во конкуренција за најдобра фотографија отворени се за гласање и тоа со превод на турски, арапски и англиски јазик, а гласањето е можно по пат на интернет страницата "www.aa.com.tr".