Özcan Yıldırım
02 Декември 2024•Ажурирај: 02 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека својот црногорски колега Јаков Милатовиќ со официјална церемонија во главниот град на Туркије, Анкара, јавува Анадолу
Свечена коњаница го придружуваше возилото на Милатовиќ по улицата пред Претседателскиот комплекс до протоколарниот влез.
Ердоган го пречека Милатовиќ на главниот влез на комплексот.
По церемонијата, двајцата лидери продолжија на билатерални средба и средба на ниво на делегациите.
По средбите, тие треба да одржат заедничка прес-конференција.
Ердоган ќе приреди и официјална вечера во чест на Милатовиќ.