Sarp Özer
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ерсоган по повод 72. Годишнината од основањето на Обединетите нации (ОН) истакна дека терористичките организации како што се ДЕАШ, Ал-Кадеда, ЈПГ, ПКК, ДХКП-Џ и ФЕТО претставуваат опасност по безбедноста и стабилноста на Турција но и остатокот од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Злосторничките организации како што се ДЕАШ, Ал Кадеда, ЈПГ, ПКК, ДХКП-Џ и ФЕТО претставуваат сериозен ризик не само за безбедноста на нашата земја туку и за безбедноста и стабилноста на регионот и целиот свет. Нема изговор за наоружување на терористичките организации и никакви калкулации не можат да ја оправдаат легализацијата на тероризмот. Поради тоа, солидарноста и соработката против тероризмот претставуваат императив посебно под покровителство на ОН”, рече Ердоган во пораката.
Додаде дека Република Турција дава значителен придонес во зачувувањето на мирот и безбедноста во светот, потсетувајќи на активностите на неговата земја во рамките на Сојузот на цивилизации основан во 2005 година на иницијатива на шпанската и турската влада, под покровителство на ОН.
Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим во пораката објавена по ист повод, рече дека борбата против тероризмот во светот може да вроди со плод само со силна меѓународна соработка и солидарност.
Затоа ја повика меѓународната заедница на посилна соработка во борбата против оваа појава, која му се заканува на целиот свет.
Обединетите нации (ОН) е меѓународна организација основана на 24 октомври 1945 година со цел унапредување на меѓународната соработка. Формирана е по Втората светска војна, а ја замени Лигата на народите. На денот на своето основање, организацијата имаше 51 членка, додека моментално во рамките на ОН се наоѓаат 193 членки.