??????????????? ?? ???
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Претседавачот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган по повод несреќата во Ван, град во источна Турција, јавува Anadolu Agency (АА) .
"Ваша Екселенцијо, Почитуван господине Претседател, во име на сите народи и граѓани на Босна и Херцеговина, на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и во мое лично име ви го изразувам своето длабоко сочувство во текот на трагичните настани кои се случија во градот Ван во источниот дел на вашата земја. Со голема тага и жалење ја добивме веста за оваа трагична сообраќајна несреќа во која животите ги загубија учениците и нивните наставници", стои во телеграмата на Човиќ.
Човиќ им посака брзо закрепнување на сите оние кои се повредени и додаде дека длабоко сочувствува со нивната болка.
Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени во вчерашната сообраќајна незгода помеѓу камион и минибус кој превезуваше наставници и ученици во Ван, источна Турција.