Ferdi Türkten
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со рускиот колега Владимир Путин за билатерални и регионални теми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган во телефонскиот разговор му го честитал и роденденот на Путин.
Ердоган и Путин на 29 септември се состанаа во Сочи, при што разговараа за јакнење на билатералната соработка и ја анализираа ситуацијата во регионот, со акцент на случувањата во Сирија.
„Уверен сум дека ќе продолжиме секојдневно да ги јакнеме турско-руските односи“, изјави Ердоган по таа средба во Сочи, а рускиот лидер Путин изјави дека е важно да се работи на постигнување консензус и договор.