Seyit Şamil Kurt
07 Октомври 2026•Ажурирано: 07 Октомври 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција, пренесува Анадолу.
Ердоган ја истакна важноста на напорите за осигурување на безбедноста на пловидбата низ Црното Море, се наведува во соопштението објавено од Дирекцијата на турската платформа за социјални медиуми НСосијал.
Тој изјави дека Турција е секогаш подготвена да придонесе во напорите насочени кон воспоставување директни контакти меѓу Русија и Украина.
За време на разговорот Ердоган, исто така, му го честита роденденот на Путин, како и успехот на неговата партија на изборите за Државната дума.