Ali Murat Alhas
17 Јануари 2020•Ажурирај: 18 Јануари 2020
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека е многу јасно дека сирискиот режим не го почитува договореното примирје, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Идлиб е јасен доказ дека режимот не ги почитува чекорите кои ги презедовме околу примирјето", изјави Ердоган пред новинарите по петочната молитва.
Ердоган истакна дека неговата земја нема да остане без одоговор откако во операцијата „Извор на мирот" загинаа тројца турски војници.
Се осврна и на состојбата во Либија, истакнувајќи дека не му верува на лидерот на нелегитимните сили од истокот на Либија, Калифа Хафтар.
„Овој човек не е доверлив. Вчера повторно продолжија да го бомбардираат Триполи", рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна и дека е решителен во однос на прашањето за изградба на Каналот Истанбул.