Zafer Fatih Beyaz
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Двајцата претседатели разговараа за односите меѓу Турција и Франција, меѓу Турција и ЕУ и за ситуацијата во Источниот Медитеран.
Ердоган во разговорот истакна дека Турција нема намера да ги загрози правата на другите, но дека, исто така, нема да дозволи загрозување на нејзините права, додавајќи дека Турција и денес, како и порано, се залага за дијалог и соработка со цел да се решат проблемите во Источниот Медитеран.