Yeşim Sert Karaaslan
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ТРАБЗОН
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку видеоконференција се вклучи на свеченото отворање на возобновениот манастир „Сумела“ во Трабзон, порачувајќи дека работите направени за реставрација на историскиот манастир е најдобриот показател за односот на Турција кон различните цивилизации, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Ова е конкретен пример за тоа како Турција се однесува кон различните цивилизации на ова подрачје. Работата што ја направивме за реставрација на овој манастир денес ја претставуваме особено на оние кои ја критикуваат нашата земја", порача Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган во своето обраќање истакна: „Нашите сограѓани христијани на 15. август ќе можат да ја извршат богослужбата кон Дева Марија, што во периодот на реставрацијата беше оневозможено.“
„Да бевме некоја нација која е против симболите на другите вери, манастирот Сумела кој пет века е во наши раце, денес не би постоел“, рече турскиот претседател.