Ekipa
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека ќе бидат санкционирани сите оние кои ќе се занимаваат со девизни малверзации во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата валута е лирата, и ние ќе се грижиме за неа. Нема да влегуваме во тие игри, а оние кои ги сервираат ќе го платат нивниот цех“, порача Ердоган на големиот предизборен митинг на во Јеникапи, Истанбул.
Турскиот претседател соопшти дека на митингот на Народната алијанса, која ја предводат владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) и Партијата на национално движење (МХП), присуствувале 1 милион и 600 луѓе.
Ердоган нагласи дека на овој митинг се собрани поддржувачите на АК Партијата и МХП, меѓу кои и лидерот на МХП, Девлет Бахчели. „Според официјалната бројка што ја добив [на митингот], во Јеникапи се наоѓаат 1 милион и 600 илјади лица. Станавме една душа, се обединивме, и сите заедно сме Турција“, рече тој.
Ердоган рече дека Народната алијанса не е алијанса само на две партии, туку на цела Турција и целиот народ.
„Народната алијанса не е алијанса само на две партии, туку на цела Турција и целиот народ. Секој што ја зема Турција како цел, токму затоа што е таква, ја напаѓа Народната алијанса. Залудни се сите напори кои се вршат однатре и однадвор. Со Божја дозвола, заедно со нашиот народ, ние ќе продолжиме да го заштитуваме Истанбул до крајот на светот, како еден турски и исламски град, во кој е затворена една епоха и е отворена друга“, нагласи Ердоган, потсетувајќи дека во Јеникапи се собрале и на 7 август, веднаш по обидот за државен удар на 15 јули.
„Истанбул е калето на демократијата и националната волја“, додаде тој.
Ердоган истакна дека останало уште една недела до изборите, и дека ќе продолжат да работат дење и ноќе за тоа.
„Се надеваме дека по 1 април, повторно ќе ја славиме победата тука“, нагласи Ердоган.
Турските безбедносни сили презедоа максимални мерки, а за безбедност на митингот се ангажирани 7.300 полицајци.
Беа ангажирани и над 80 амбулантни екипи, а покрај самото плато беше подигната и мобилна болница.
Локалните избори во Турција ќе се одржат наредната недела, на 31 март.