Handan Kazancı
08 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес објави строги нови мерки за борба против новиот вид коронавирус, бидејќи дневниот број на заразени во земјата надминува 1.000, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Во сите области нема да биде дозволено патниците во јавниот превоз да стојат“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по состанокот што траеше повеќе од четири часа во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.
Како што рече, и кафулињата и рестораните ќе бидат подложени на построги инспекции.
Говорејќи за новата учебна година, Ердоган рече дека ќе продолжи образованието со двата система - онлајн и во училиштата, зависно од епидемиолошката ситуација.
Турскиот претседател истакна дека Турција ќе ги отвори училиштата започнувајќи од децата на предучилишна возраст и првите одделенија во основните училишта.
Тој се осврна и на последиците врз економијата од преземените мерки поради коронавирусот наведувајќи дека иако во второто тромесечие доживеан е пад на очекуваната бројка, факт е дека се во подобра положба од многу земји во светот, вклучувајќи ги и развиените земји.
„Сите податоци покажуваат дека во третиот квартал ќе доживееме силно опоравување“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во Турција во последните 24 часа дијагностицирани се 1.578 лица со коронавирусот, соопшти турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.
Истакна дека како последица на вирусот починале 53 пациенти, со што вкупниот број достигна 6.673. Досега излекувани се 251.105 пациенти.