Hanife Sevinç,Kaan Bozdoğan
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека е одлучен Турција да ја направи глобален производствен и технолошки центар, јавува Агенција Анадолија (AA).
Ердоган присуствуваше на свеченото отварање на технолошкиот центар МЕСС во Истанбул, во рамките на кое преку видео конференција беа отворени уште 40 фабрики низ цела Турција.
„Се надеваме дека со овој центар, кој е реализиран со инвестиција од 200 милиони лири (23 милиони евра), ќе отвориме нова ера во областа на конкурентната технологија, каде што на годишно ниво ќе можеме да обезбедиме 400.000 часа бесплатна едукација за 40.000 луѓе“, порача Ердоган.
Тој нагласи дека откако ќе се намалат последиците од епидемијата во светот, Турција повторно ќе се врати кон забрзаниот напредок.
„Турција, која пред 18 години не можеше да направи чекор без ММФ, денес е 13-та земја во светот според паритетот на куповната моќ. Иако некои не го сакаат тоа, одлучни сме Турција, како средиште на три континенти, да ја претвориме во глобален производствен и технолошки центар“, порача Ердоган.
Додаде дека е факт дека земјата за која некогаш се зборуваше во контекст на кризи и политичка нестабилност, моменатлно на сцената со своите истражувања на енергетските ресурси во Источниот Медитеран, со своите огромни откритија на природен гас во Црното Море, што несомнено е резултат на трпеливост, труд и верба.
Осврнувајќи се и на инвестицијата на 40 други фабрики кои денес беа свечено отворени, Ердоган рече: „Искрено ѝ честитам на секоја наша компанија што директно обезбедува вработување за 4.000 наши граѓани, а индиректно доаѓа до повеќе десетици илјади наши граѓани. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува четири милијарди турски лири (460 милиони евра)“.
На свеченоста во Истанбул присуствуваа и турскиот потпретседател Фуат Октај и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.