Esra Tekin
12 Октомври 2023•Ажурирај: 12 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше за најновите случувања во израелско-палестинскиот судир со алжирскиот колега Абделмаџид Тебун и со саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Селман, јавува Анадолу.
Турската Дирекција за комуникации соопшти дека Ердоган и Тебун разговарале за загрижувачките процеси од неодамнешните случувања, кои ги одбележа израелско-палестинскиот судир.
Претседателот на Туркије рече дека целта е да се стави крај на тензиите во регионот без прелевање во други земји и да се постигне праведен мир преку преговори.
Укажувајќи на „искрените и мирни напори на Туркије“, Ердоган додаде дека се очекува и поддршка од меѓународната заедница, особено од земјите од регионот.
Во одделен телефонски разговор со Мухамед бин Селман, Ердоган рече дека Туркије работи на испорака на помош до недолжните цивили погодени од нападите.
Тој истакна дека бомбардирањето на цивилни населби е неприфатливо, истакнувајќи ја важноста од конструктивните пораки од земјите во регионот за прекин на борбите.
Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Ал Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи влегоа во населбите во регионот.
Групата соопшти дека операцијата е одговор на израелските напади во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен ал-Кудс/Ерусалим и зголеменото насилство од доселениците.
Израелската војска во знак на одмазда ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.
Во насилствата загинаа повеќе од 2.300 луѓе, од кои најмалку 1.100 Палестинци во Газа и 1.200 Израелци на другата страна.