АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција одблизу ги следи случувањата во пресрет на расистичкиот терористички напад кој се случи во Германија во кој беа убиени 9 лица, вклучувајќи 5 турски државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
- Ердоган ја отвори Претседателската библиотека во Анкара, една од најголемите библиотеки во светот -
„Турција и особено Турската амбасада во Берлин, одблизу го набљудуваат процесот по смртоносниот напад“, изјави турскиот претседател во своето обраќање на свеченото отворање на новата Претседателска библиотека во Анкара.
Ердоган додаде дека Турција очекува германските власти да направат сѐ што е потребно да ги откријат сите детали во врска со терористичкиот напад.
Во пресрет на претходниот расистички напад, Турција ги критикуваше германските власти дека не успеале целосно да ги откријат деталите за расистичките терористички групи кои се наоѓаат зад нападите и исто така поради несправувањето со растечката исламофобија.
Ердоган изрази сочувство до семејствата на загинатите во нападот во Ханау.
Турскиот амбасадор во Берлин, Али Кемал Ајдин, за новинарите претходно изјави дека 5 турски државјани се наоѓале меѓу убиените лица во пукотницата.
Сторителот, кој ги имал за цел мигрантите во две кафетерии во Ханау, од страна на безбедносните сили беше идентификуван како Тобијас Р.
Тој и уште едно друго лице беа пронајдени мртви во апартман, по рациите спроведени од специјалните сили на Германија.
„Според првичните информации, мотивот на напаѓачот е ксенофобијата“, изјави министерот за внатрешни работи на германската сојузна покраина Хесен, Петер Бојт, остро осудувајќи го нападот.
Тој исто така соопшти дека Федералното јавно обвинителство започнало истрага за настанот под сомнение за терористички напад.
Ханау се наоѓа на околу 20 километри источно од Франкфурт и има население од речиси 100.000 жители.