Mehmet Tosun
20 Февруари 2020•Ажурирај: 20 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, во однос на вооружениот напад во германскиот град Ханау, во којшто, меѓу другите, животот го загубија и Турци, истакна дека очекува германските власти да направат максимални напори за да се расветли случајот и дека расизмот е колективен карцином, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин во изјавата објавена преку Твитер посака божја милост за граѓаните што ги загубија животите во расистичкиот напад во Германија, а на повредените им посака брзо оздравување.
„Очекуваме германските власти да направат максимални напори за да го расветлат случајот. Расизмот е колективен карцином“, нагласи портпаролот Калин.