Kaan Bozdoğan
15 Јули 2023•Ажурирај: 18 Јули 2023
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, упати порака по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, пренесува Анадолу.
Турскиот претседател Ердоган пораката ја објави на социјалните мрежи.
„Од Господ посакувам милост за мачениците што загинаа на 15 јули додека ги бранеа државата, народот, иднината и волјата. Упатувам благодарност до сите мои браќа ветерани кои ги спречија пучистите. Нека ни е честит 15 јули - Денот на демократијата и националното единство“, напиша тој.
Ердоган во објавата сподели и фотографија на турско знаме, како и фотографија на која е прикажано како граѓаните го неутрализирале тенкот што го користеле пучистите на 15 јули.