Zafer Fatih Beyaz
17 Септември 2021•Ажурирај: 18 Септември 2021
МЕРСИН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека в понеделник ќе го отвори 36-катниот центар „Туркеви“ (Турска куќа) во Њујорк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган в недела ќе престојува во САД за да присуствува на 76. сесија на Генералното собрание на ОН.
„В понеделник ќе го отвориме 36-катниот центар „Туркеви“ во Њујорк, веднаш наспроти седиштето на ОН“, рече тој на советодавниот состанок на Партијата за правда и развој (АК).
Зградата, која има традиционални турски архитектонски мотиви, особено од селџучкиот период, се издига кон небото во форма на лале и може да се види од центарот на Менхетен, Ист Ривер и Лонг Ајленд.
Зградата е дизајнирана како симболичен облакодер што ќе се вклопи во хоризонтот на Њујорк, еден од најпознатите градови во светот и ќе ја одразува турската култура, историја и разноликост.