Muhammed Nuri Erdoğan
17 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
АНКАРА (АА) – Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека еден припадник на терористичката организација ПКК им се предал на безбедносните сили со методот на убедување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како резултат на координацијата на Министерството за внатрешни работи, полицијата и Генералната команда на жандармеријата, еден терорист од терористичката организација ПКК со методот на убедување се предаде на турските безбедносни сили.
Според соопштението од Министерството, утврдено е дека терористот кој се предал, се приклучил на терористичката организација во 2013 година и дејствувал во Сирија.
Исто така, се наведува дека бројот на припадници на организацијата што се предале со методот на убедување, се зголемил на 146 во 2021 година.