Mesut Varol
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ВАН (АА) - Звршена е изградбата на дел од заштитниот ѕид долг 20 километри на границата меѓу Турција и Иран со цел спречување на илегалните премини, соопшти гувернерот на турската источна област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили ги преземаат сите мерки во областа Чалдиран во Ван, која има најдолга граница со Иран, за да се спречат илегални премини, како и активности за криумчарење и инфилтрација на терористи преку источната граница на земјата.

Границата е под постојан надзор преку патролните активности што се изведуваат со оклопни возила, заедно со беспилотните летала и оптичките кули.
Благодарение на строгите мерки, нерегуларните мигранти кои се обидуваат илегано да преминат во Турција од границата се фаќаат и се предаваат на Канцеларијата за миграции во областа.
Екипите ги продолжуваат своите градежни работи на ѕидот за заштита од илегални премини на трасата што се протега од границата Чалдиран до границата во Догубајазит во Агри на исток и округот Јуксекова во Хакќари на југоисток.
Гувернерот на Ван, Мехмет Емин Билмез, за АА изјави дека напорите за изградба на ѕидот, нова оптичка кула и полициска станица, како и активностите за копање ровови и поставување на бодликава жива долж границата се во тек.

„Sидот од 64 километри се гради во три фази. Готова е изградбата на ѕидот во должина од 20 километри“, изјави Билмез.
„Беспилотни летала, дроови и термички камери, исто така, се користат за да се обезбеди пограничната безбедност“, додаде Билмез.
Тој истакна дека со неодамнешните безбедносни мерки на границата, бројот на илегални мигранти кои влегуваат во земјата е значително намален, додека многу организатори вклучени во криумчарење луѓе се фатени.

„Благодарение на разузнавачката работа извршена оваа година, вкупно 1.290 организатори се приведени од страна на безбедносните сили, додека речиси половина од нив се уапсени. Минатата година оваа бројка изнесуваше 599“, додаде Билмез.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било земја во светот, презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.