Nilay Kar
27 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
АНКАРА/ЕЛАЗИГ (АА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени го потресе источниот турски град Елазиг, јавува Агенција Анадолија (АА).
На својата веб-страница Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) соопшти дека земјотресот се случил во 10:02 часот по локално време, на длабочина од 7 километри, со епицентар под округот Сивриџе.
Пријавено е дека од земјотресот се срушила само една празна зграда.
Според Четин Октај Калдирим, гувернерот на Елазиг, нема извештаи за загинати. „Ја следиме состојбата“, изјави тој за АА.
Земјотресот беше почувствуван и во околните турски области Малатија, Адијаман и Шанлиурфа, а училиштата во Елазиг ја прекинаа наставата, како мерка на претпазливост.