Muhammet Kurşun
23 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ТЕХЕРАН (AA) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер повторно го погоди подрачјето на иранската покраина Западен Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран наведуваат дека епицентарот на земјотресот бил на подрачјето Хој, во близина на границата со Турција.
Земјотресот го почувствуваа и жителите на Ван, на истокот на Турција.
Земјотресот е забележан на длабочина од 28 километри.
Најмалку девет лица загинаа во Ван, откако утрово пограничното подрачје во Турција и Иран го погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер.
Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Коџа претходно изјави дека на подрачјето на турската област Ван загинаа најмалку девет лица, додека се повредени 37, меѓу кои девет се во критична состојба. Претходно е потврдено дека меѓу загинатите се наоѓаат и три деца.