Servet Günerigök
08 Февруари 2023•Ажурирај: 09 Февруари 2023
АНКАРА (АА)
Најмалку 8.574 лица ги загубија животите од последиците на разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија јужните региони на Туркије, потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува „Анадолу“.
„Во разорните земјотреси на југот од Туркије, животот го загубија 8.574, а 49.133 повредени се лица“, соопшти АФАД.
Се соопштува дека овие лица загинале во Кахраманмараш, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Османије, Хатај, Килис, Малатија и Елазиг.
АФАД информира дека на подрачјата зафатени од земјотресите распоредени се 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал.
Исто така, АФАД го заврши процесот на поставување 70.818 шатори за засолнување на лицата погодени од земјотресите.
Според информациите на АФАД, по првиот земјотрес, досега се случиле околу 650 земјотреси.
- Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари
Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.
Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.
Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и во други региони.