İrem Demir
08 Февруари 2023•Ажурирај: 09 Февруари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Спасувачките екипи од под урнатините извлекоа и спасија жена во 9-ти месец на бременост, 40 часа по разорните земјотреси во јужните делови на Туркије, пренесува Анадолу.
Нехир Илкова останала заробена под урнатините на зградата што се срушила по земјотресите во Кахраманмараш, а ја извлекоа спасувачи кои ги испрати истанбулската општина Умраније.
„Во разорните земјотреси на југот од Туркије, заклучно со 10:35 часот по локално време, животот го загубија 7.108, а повредени се 40.910 лица“, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
АФАД информира и дека на подрачјата зафатени од земјотресите распоредени се 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал, а поставени се 50.818 шатори.
- Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари
Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.
Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.