Nurullah Kalay
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
МАНИСА (АА) - По само 32 минути од отворањето на гласачкото место во населеното место Бозкој, во турската област Маниса, заврши изјаснувањето на граѓаните на денешните претседателски и парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во населеното место кое има 48 жители, граѓанската должност ја извршија 29 гласачи.
Гласачкото место е отворено во 08:00 часот по локално време, а веќе 32 минути подоцна е затворено. Локалните жители кои се занимаваат со земјоделство, во утринските часови ја извршија својата граѓанска должност и се вратија на своите секојдневни обврски.
Најстариот жител е 86-годишниот Ихсан Баш, кој е поранешен селски старешина, додека најмладиот е 18-годишниот Омер Донмез.
Сегашниот селски старешина на Бозкој, Ирфан Гондер, изјави дека порано во селото имало 65 гласачи, но дека тој број сега е намален поради иселувањето на жителите.
Тој истакна дека населеното место брои 35 регистрирани гласачи, но дека 6-мина се на лекување надвор од градот.