Gökhan Ergöçün
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот извоз се искачи за 5,6 отсто и достигна 17,33 милијарди долари во октомври, на годишно ниво, објави Турскиот статистички институт (ТуркСтат).
Увозот во земјата, исто така, забележа зголемување од 8,4 отсто и достигна 19,7 милијарди долари во октомври, во споредба со истиот месец минатата година.
Во меѓувреме, дефицитот во надворешната трговија беше 2,37 милијарди долари, што е за 34,4 отсто повеќе на годишно ниво.
Соодносот на покриеност на извозот и увозот во октомври 2020 година изнесува 88%, што е помалку во споредба со 90,3% колку што изнесуваше истиот месец во 2019 година.
Извозот на Турција во првите 10 месеци изнесуваше 135,6 милијарди долари, што претставува пад од 9,1% на годишно ниво, додека увозот изнесуваше 175,9 милијарди долари, што претставува зголемување од 2,2 отсто.
Трговскиот биланс забележа дефицит од 40,72 милијарди американски долари во периодот јануари-октомври, што е за 76,2 отсто повеќе на годишно ниво.
Соодносот на покриеност на извозот и увозот изнесуваше 77,1 отсто во текот на 10 месеци, што е помалку од 86,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.